
Игри со бебето, игри за зајакнување
Сите бебиња сакаат почесто да си играте со нив. Уште една полза од некои игри е активирањето на одредена мускулатура кај бебето, што помага во развојот. Во текот на ваквата активност се зајакнуваат мускулите, се подобрува координацијата и се зголемува моториката кај бебето.
Внимавајте: Родителите не смеат да мислат дека се тренери – овде не станува збор за бебе – фитнес. Наведените движења само помагаат во развојот на мускулатурата и координацијата.
Склекови: легнете го бебето на стомак. Легнете и вие до него и зборувајте му. Со реакциите, бебето ќе ги зајакне мускулите на вратот, грбот и абдоменот. Тоа може да погледне нагоре кон вас, да ја заврти главата или да го подигне телото за да ве види или, пак, за да се преврти.
Стомачни: овие “божемни” стомачни вежби им се интересни на повеќето бебиња, а освен тоа ги зајакнуваат и мускулите на абдоменот и вратот, со што бебињата полесно ќе почнат сами да седнуваат. Седнете и ставете го бебето во скутот, со главата кај вашите колена и со лицето нагоре. Нозете нека му бидат исправени во вашиот скут, па со една рака под секоја пазува кревајте го од половината нагоре додека трупот не дојде во вертикална позиција. Постарите бебиња фатете ги за рацете и надлактиците и надлактиците повлечете ги кон вас. Повторете неколку пати.
Вежби за станување: повеќето бебиња многу ја сакаат оваа вежба, бидејќи можат да ве гледаат право во лице и да играат со своите ноџиња. Покрај тоа, ги зајакнува мускулите на нозете и грбот. Прво седнете вие, па седнето го бебето на бутовите, свртено кон вас. Помалите бебиња фатете ги со двете раце под пазувите, исправте ги до стоечка позиција, па вратете ги во седечка позиција. Постарите бебиња фатете ги за половината, исправете ги до стоечка позиција, па вратете ги долу.
Внимавајте: додека бебето не наполни барем една година, не кревајте го од земја фатено за рака или за нога. Можете да предизвикате дефекти во зглобовите.