• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Игри со бебето
Игри со бебето

Игри со бебето

Сите бебиња сакаат почесто да си играте со нив. Ползата е трикратна: бебето е среќно, учи за односот со светот околу себе и полесно се активира режимот за спиење. Секогаш најдете време за игра.

Игра со музика

Навистина е препорачливо да има музика во текот на играта.Така бебето ги учи основите на ритамот, движењето и викалното изразување, со што се забрзуваат интелектуалниот и креативниот развој.

– Одберете соодветна музичка нумера. Тоа може да биде приспивна песна или друга мелодија, со еден до два инструменти. Песната треба да има едноставен перкусивен ритам.

 -Пуштете ја нумерата

– Играјте со бебето на музиката. Држете го бебето соодветно за моменталната развиеност на вратните и грбните мускули. Играјте со целото свое тело за бебето да ги почувствува темпото и ритамот.

– Пејте му на бебето. Ако не го знаете текстот, гугајте. Бебето може да ви се придружи.