ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Игри за бебе од 4 до 6 месеци
    Игри за бебе од 4 до 6 месеци

    Игри за бебе од 4 до 6 месеци

    Игрите за возраст од 4-ри месеци се физички поактивни

    На оваа возраст бебето ќе стане физички поактивно. Ќе почне да се врти, дури ќе проба самото да седне. Во овој период ќе може да држи предмети во раката, но и во уста и поголем дел од денот ќе го помине правејќи слични работи.

    Игрите сега може да бидат физички поактивни. Бебето сигурно ќе ужива во играта со скокоткање. Ќе проба да ви одговори и да ве следи со поглед каде и да се движите.

    Осетете различни мириси

    Во кујна сте? Пробувате да направите нешто за вечера, а бебето не престанува да ве гледа? Не се загрижувајте, можете да го забавувате. Земете разни зачини и полека приближете му ги. Дозволете му да ги почуствува разните мириси. Запознајте го со ванила, цимет, бибер, брашно (пазете да не ги впие зачините низ носето).

    Ќе ужива во откривање на новите мириси, а вие слатко ќе се смеете, бидејќи ќе прави разни гримаси.

    Оваа игра е добра бидејќи го запознавате бебето и неговиот карактер, се запознавате со мирисите кои бебето ги сака и покасно ќе се потрудите тие мириси да ги употребите во неговата исхрана,  или да користите такви освежувачи кое бебето ги сака.

    Меурчиња, меурчиња секаде се околу нас

    Има нешто магично во меурчињата од сапуница, а вашето бебе во овој период може да гледа толку далеку така да може да се фокусира на нив.

    Дувајте му ги меурчињата кога е немирно, додека чекате превоз, или сакате да не ги гледате веќе неговите солзи. Дувајте ги меурчињата и во парк за да ги зближите и со други деца малку постари од него за да може тие да го забавуваат вашето дете.

    Меурчињата се евтина забава, лесно се прават, лесно ги снемува, а вашето бебе ќе биде бескрајно фасцинирано од нив.

    Сега кога ќе те фатам

    Во овој период се доволно големи за да можат да разбираат различни гласови и јазик. А ни едно бебе не може да одолее  кога ќе го кажете тоа и ќе го нападнете со скокоткање, прегратка, ќе го фрлате во вис и ќе го осипете со многу бакнежи.

    Можете да му пријдете со зборови кои се слични на овие: еј ти, што се буниш? Чекај само кога ќе те фатам (малку скокоткање), па ќе го земете и ќе го фрлите во вис, па ќе го прегрнете силно и ќе го бацувате, бацувате, бацувате….(прегрнување и бацување). Оваа како и сите други игри треба да ја повторувате неколку пати.

    Мало прасе

    Сигурно ја знаете оваа игра. Не е пријатна за поголеми деца, но за бебиња од 4-6 месеци е многу забавна. Не разбираат ни збор но важно е да им зборувате додека ги скокоткате по прстите на ножињата.

    Ова мало прасе отишло да купи храна. Ова малку поголемо прасе донело храна. Ова уште поголемо прасе ја спремило храната. Ова прасе ја наместило масата. А ова прасе сета храна ја изело. (стискајте ги и скокоткајте ги прстињата на ноџето, од најмало до палецот).

    Време е за вечера

    Повеќето од вас сигурно веќе ја искусиле оваа игра на сопствената кожа. На оние што се многу скокотливи не им се допаѓа, но бебето ужива бидејќи е во присуство на лицата кои ги сака.

    Подигнете ја маицата на бебето ставете ја устата на неговото стомаче и дувајте воздух. Треба да се слушне како звук на прдење.

    Тоа скокотка, испушта глас, мама и тато се покрај мене… па ова е супер, мисли бебето.

    Летај бебе летај

    Кога може само да ја држи главата, знак е дека можете да го фрлате на разни начини, а не само во вис. Помогнете им да летаат во природа, да фаќаат лисја. Ако сте во состојба фатете го и плафонот, нека го пипнат и врвот на орманот, лустерот. Помогнете им да го откријат светот од разни страни.

    И вие сакате да ги видите работите од друга страна, зар не?