ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Игри за бебе од 6 до 8 месеци
    Игри за бебе од 6 до 8 месеци

    Игри за бебе од 6 до 8 месеци

    После шест месечна возраст, бебето открива нови погледи на светот околу себе…

    Од 6 – 7 месеци

    Вашето бебе почнува полека да седи и тоа му дава возбудлив и нов поглед на светот околу себе. Можете на бебето да му дадете некој мал предмет, да го вежба така наречениот “пинцета зафат” (фаќање со показалецот и палецот), но внимателно!-не толку мал предмет за да не го проголта.

    Играјте си и пејте му плескајќи со дланките. Користете топка во игрите и коцки. Додека бебето седи, ставете му топка пред нозете и покажете му како да ја удира со рачето или ноџето и така да ја врати назад. Повторувајте ја играта неколку пати. Бебињата сакаат ритмичка врева. Затоа сакаат се од кујната на мама. Ги препознаваат високите и ниските тонови на различни материјали и учат како да ги користат двете раце.

    Кога бебето ќе почне да се врти, играјте си игри на подот. Пробајте да го насочите бебето да ја фати играчката со една рака, додека лежи на стомак.

    Ова е вистинско време за сликовници со слики на животни. Зборувајте му на бебето, објаснете му какви се гласовите на различните животни. Првите книги нека бидат без зборови, со едноставни слики и живи бои и по можност со различни текстури. Поттикнете го бебето да ги допира и да ги почувствува различните материјали на сликовницата.

    Ставете ги прстите на бебето на своите усни и брмчете со усните, нека почувствува вибрација -многу ќе се зачуди на новото откритие.

    Бебињата со радост прифаќаат песнички кои вклучуваат цупкање и чукање со раце, а наскоро и самите ќе почнат да ве имитираат и ќе пеат, секако на свој начин.

    Бебињата многу ја сакаат играта на криење. Скријте го омиленото мече и прашајте го бебето каде отишло мечето. Изберете играчки кои имаат звук за да му помогнете при барањето.

    Од 7 – 8 месеци

    Играјте игри со прстите на бебето.

    Не заборавајте на игрите кога го капете, така што и капењето ќе биде интересно.

    Можете да си играте игри со земање и давање. Ставете некој предмет во дланката на бебето, потоа нежно земете му го предметот и кажете: Браво и даде (предмет) на мама! Еве бакнеж, а сега мама ќе ти го врати. Повторувајте ја играта.

    Игри “да и не”: Седнете со бебето на под, а играчката нека биде пред него.

    Зборувајте: дали мама ја има играчката? Неее…! а при изговорот направете движење со главата. Потоа поставете друго прашање на кое одговорот е да и тој одговор нека биде со потврда со главата.

    Кога бебето знае да го превртува своето тело, време е за играта “тркалање”. Легнете на подот покрај бебето. Викнете го по име и свртете го кон себе. Дајте му бакнеж. Потоа повторете го истото, но свртете го бебето на другата страна.

    Легнете со лицето свртени кон бебето, сокријте ја играчката, па заедно пронајдете ја. Сортирањето на играчките не е лесно, но можете да пробате. Наредете ги чорапите, играчките, јаболката…но се нека биде во црвена боја, па потоа тоа објаснете му го тоа на бебето.