• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Икање кај бебе
Икање кај бебе

Икање кај бебе

Икањето е многу често кај новороденчињата и тоа произлегува од привремени пречки во работата на дијафрагмата. Искористете некоја од следниве техники за да го прекинете икањето.

Внимавајте: Ако бебето ика, не обидувајте се да го прекинете со некоја од методите за возрасни. Не задржувајте му го здивот на бебето. Не плашете го бебето со гласно викање.

– Дувнете му на бебето во лице. Ова може да го натера наеднаш да вдише, а со тоа и да го смени движењето на дијафрагмата.

– Нахранете го бебето. Рамномерните голтања и дишење можата да ја ресетираат дијафрагмата.

– Извадете го бебето надвор. Ненадејниот наплив на студен воздух може да го промени ритамот на неговото дишење.