• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Инфекција на увото кај бебе
Инфекција на увото кај бебе

Инфекција на увото кај бебе

Може да биде резултат  на вирусна или бактериска инфекција на средното уво. Може да трае од 3 до 5 дена или да се јавува периодично во текот на неколку недели. Ако ушната инфекција трае подолго од 5 дена, советувајте се со педијатар.

Меѓу симптомите спаѓа неконтролирано плачење, фаќање за увото, вознемиреност при промена на позицијата и треска. Ако се сомневате дека бебето страда од инфекција на увото, обратете се до стручната служба.

Инфекцијата на увото некогаш може да се третира со антибиотици. Ова е најбрзиот лек, што ќе спречи таа да се прошири и да предизвика посериозни проблеми, на пример менингитис. Различни бебиња ќе се покажат компатабилни со различни антибиотици и невозможно е однапред да се знае на кој од нив вашето бебе најдобро ќе реагира. Можно е да ви препишат неколку различни видови антибиотици пред да се најде оној што ќе ви одговара.

За да одржите балансирано ниво на цревни бактерии, хранете го бебето со јогурт додека тоа е на антибиотици. Понекогаш третманот на ушни инфекции знае да трае и по цел месец.

Совет: Капка маслиново масло може да му даде краткорочно олеснување на бебето. Оставете тоа да влезе во каналот. Со ова ќе му олесните на бебето додека педијатарот понуди трајно решение.