ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Интересни истражувања: Во кои земји бебињата најмногу плачат?
    Интересни истражувања: Во кои земји бебињата најмногу плачат?

    Интересни истражувања: Во кои земји бебињата најмногу плачат?

    Гладно сум, ми се спие, преслечи ме – порачуваат бебињата ширум светот, а кои се најголеми плачковци ни покажаа научниците…

    Спрема податоците од магазинот The journal of pediatrics, бебињата во Велика Британија, Канада и Италија се шампиони во таа “дисциплина”, додека најмалку плачат бебињата во Данска, Германија и Јапонија. Истражувачите од британскиот Универзитет Ворвик го анализираа однесувањето на 8.700 бебиња, откривајќи дека во просек плачат по 2 часа дневно во првите две недели по раѓањето. Најмногу плачат во шестата недела, кога плачењето дневно трае 2 часа и 15 минути. Некои деца плачат само полoвина час во текот на денот, додека пак рекордерите поминуваат во солзи повеќе од 5 часа.

    -Бебињата веќе во првите недели од животот се разликуваат по тоа колку плачат – вели водачот на истражувачкиот тим Дитер Вокер.

    -Повеќе можеме да дознаеме проучувајќи ги друштвата во кои тие помалку плачат, имајќи во предвид дали се работи за начинот на кој родителите постапуваат со нив или другите фактори кои имаат врска со бременоста и генетиката.