ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Интересно истражување: Што бебињата мислат за мажите со брада
    Интересно истражување: Што бебињата мислат за мажите со брада

    Интересно истражување: Што бебињата мислат за мажите со брада

    На Универзитетот во Квинсленд направено е истражување на одреден број на бебиња, како би се покажала оваа необична статистика.

    Истражувањата покажаа дека возрасните луѓе, луѓето со брада ги доживуваат како силни, мажевствени, поздрави, подобри родители, попривлечни во односот на мажите кои немаат брада. А децата? Тие ги гледаат малку поинаку.

    Во студијата на др.Никол Нелсон на Универзитетот во Квинсленд учествуваа четиристотини и седумнаесет деца на возраст од 2 до 17 години, на кои им беа покажувани фотографии на мажи со брада и мажи без брада, а малечките ги опишуваа по одредени критериуми.

    Резултатите покажаа дека децата луѓето со брада ги сметаат за мажевствени, силни, им изгледаат повозрасно, но исто така ги сметаат за помалку привлечни и не ги доживуваат како личности на кои можат да им веруваат.

    Интересно е, меѓутоа, дека децата чии татковци имаат брада или имале брада, овие мажи ги сметаат за подобри.

    “Децата од неполни две години веќе знаат дека брадите не им се допаѓаат, а колку се постари, до тринаесетатта година, се помалку им се допаѓаат. Сосема малите деца веќе ја поврзуваат брадата со сила, но мажите со брада не им делуваат како луѓе на кои можат да им веруваат”, вели др.Нелсон.

    Со други зборови, тешко дека малите деца ќе сакаат да си играат со мажи со брада или да им притрчаат во прегратка, освен доколку не станува збор за нивниот татко.