• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Интолеранција или алергија на кравјо млеко
Интолеранција или алергија на кравјо млеко

Интолеранција или алергија на кравјо млеко

Откако испи шишенце со млечна формула базирана на кравјо млеко или чаша млеко, вашето дете повраќа и има пролив. Сметате дека е алергично на млеко? Немојте да бидете толку сигурни. Гастроинтестиналните пореметувања можат да бидат симптом на алергија, но и знак за нетолеранција на млеко.

Како ќе ја разликувате алергијата и интолеранцијата?

Причина:

Интолеранција на млеко: бебето не може да ја свари лактозата – шеќерот кој се наоѓа во млекото.

Алергија на млеко: имуниот систем на бебето по грешка ги заменува протеините во млекото за штетни микроби.

Симптоми:

Интолеранција на млеко: пролив и/или повраќање, надуеност.

Алергија на млеко: проблеми со желудникот и/или осип, отекување на усните и очите, тешко дишење и анафилактички шок.

Колку е потребно за реакција?

Интолеранција на млеко: значаен внес на млеко.

Алергија на млеко: мала количина на млеко.

Типичен третман:

Интолеранција на млеко: формули без лактоза, бебето може да биде во можност да пие без лактоза млеко и јогурт, сирење или сладолед.

Алергија на млеко: хипоалергиски формули во кои протеините на млекото се доволно намалени за да се избегне реакција, избегнување на млеко и млечни производи.