ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Интолеранција на глутен: 6 симптоми кои не смеете да ги игнорирате
    Интолеранција на глутен: 6 симптоми кои не смеете да ги игнорирате

    Интолеранција на глутен: 6 симптоми кои не смеете да ги игнорирате

    Интолеранција на глутен: 6 симптоми кои не смеете да ги игнорирате

    Интолеранцијата на глутен се повеќе е болест на денешницата на која не е имуна ниедна возрасна група. Со оглед на тоа како нетолеранцијата на глутенот може да да направи компликации во здравјето, многу е важно да се препознаат симптоми и да се реагира на време.
    Глутенот е дел од белковините кои се наоѓаат во житарките како пченица, ориз, јачмен…
    Но, освен во житарките, глутенот е составен дел од голем број на производи кои се во наоѓаат во секојдневната широка потрошувачка како што се тестенините, разни додатоци во исхраната, а присутен и дури и во некои од кармините за усни.
    Болеста како интолеранција на глутен подразбира неможност за варење во организмот на овие состојки, а според голем број на научници, просечно 9 од 10 луѓе волуваат од интолеранција на глутен, а за тоа и не се свесни.
    Ако се сомневате дека и вие сте дел од оваа група, потребно е да направите серолошки и дијагностички испитувања, или пак пред испитувањето препознајте ги најчестиет симптоми.
    1. Груба кожа посебно кај надлактиците. Овој симптом најчесто е предизвикан од мал внес на фолна киселина и витамин А во организмот кој може да предизвика лошо распределвање на маснотиите предизвикано од оштетување на црева.
    2. Проблеми со надуеност, дијареа па дури и запек. Запекот најчесто се појавува кај деца.
    3. Вртоглавици, замор, омалаксаност и безволие без посебна причина која доаѓа до израз по оброкот кој сте го изеле а бил богат со глутен.
    4. Хормонален дисбаланс како зголемен симптом на PMS, PCOS (полицистични јајници) или пак необјаснета неплодност.
    5. Силни главоболки и честа мигрена.
    6. Воспаление и отоци проследени со болки во зглобовите, посебно во прстите, колената и колковите.
    Житарки кои не содржат глутен се:
    – Пченка
    – Хељда
    – Просо
    – Интегрален ориз
    – Амарант
    – Киноа