Исфрлете ги играчките од креветчето на вашето бебе/дете
Со желба да ја разубавите бебешката соба, многу родители прават грешки кои може да бидат и потенцијално опасни. Освен оградица, за која родителите мислат дека спречуваат бебето да го пикне рачето, ноџето или да ја удри главата, во креветчето често ставаат и плишани играчки, украсни јастучиња и разни други ситници. Креветчето се полни со различни разбори кои се беспотребни и кои, тврди амеркански педијатар, може да му наштетат на детето.
– Во бебешкото креветче нема место за меки предмети, играчки, лабави постелнини, ќебиња, јастучиња и оградици со долги врвци, бидејќи се тоа може да му загрози на бебето. Може не во првите денови кога лежат во иста положба во која сте ги ставиле, али тоа многу брзо ќе почне да се врти и да влече на себе се што ќе може да дофати – велат лекарите.
– Постелнината мора да биде добро затегната, памучна, по можност и антиалергиска, без врвки и апликации кои можат лесно да се скинат. Истото ова важи и за меките играчки на бебето, кои ако ги ставите во уста или ги преклопуваат со глава може да ги угуши.
– Бебето во првите месеци треба да спие во креветче, во соба со своите родители, како би можеле да внимавате на него. Тука, секако се и практичните причини. Сигурно и вам ќе ви биде полесно да станете и заспиете ако бебето е покрај вас отколку во друга соба, бидејќи треба постојано да станувате за да цица, да го смирите кога плаче или пресоблечете – порачувааѕ стручњаците.
Ова погоре се е од безбедни причина, а не за да го размазите вашето бебе. Најдобро е бебето да не го ставајте во вашиот кревет. Вашата постелнина, прекривач, јастук, како и оние мекани предмети не се безбедни за толкумало дете.