ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Исхрана на мајките за време на доењето
    Исхрана на мајките за време на доењето

    Исхрана на мајките за време на доењето

    Како мајката би обезбедила доволна количина на квалитетно млеко за своето бебе, би требала да поведе грижа за исхраната за време на доењето.

    Покрај тоа што исхраната мора да биде урамнотежена, потребно е цело време во текот на доењето да се придржувате кон одредени правила:

    1.Јадете кога сте гладни.

    2.Не го прескокнувајте доручекот затоа што тој го движи метаболизмот.

    3.Јадете разновидна храна, затоа што разликите во мирисот и вкусот во млекото ќе му помогнат на вашето бебе полесно да ја прифати немлечната храна.

    4.Нека житарките бидат основа на оброкот, како што е интегралниот ориз (спречува констипација).

    5.Овошјето и зеленчукот се особено значајни, затоа што ги содржат потребните минерали и витамини.

    6.Внесувајте протеини од млеко, јајца, риба, или животински (месото ќе ја задоволи и зголемената потреба за витаминот Б6, железо и цинк).

    7.Пијте течности и пред да станете жедни и тоа вода, природни сокови од овошје и зеленчук, млеко, супа…Земете чаша вода или цеден сок секогаш кога го доите бебето.

    8.На мајките кои дојат им е потребен калциум. Најдобар извор на калциум се: брокулите, сокот од портокал, житарките, тиквата, лососот. Некои бебиња не толерираат протеини од кравјо млеко, па потребно е во овој период да го намалите внесот на млеко и млечни производи.

    За време на доењето избегнувајте:

    -слатка и масна храна, како и слатки сокови,

    -овошје со коска,

    -алкохол и цигари,

    -грицки,

    -кофеин (може да предизвика гасови кај бебето),

    -љута храна и храна со јак мирис, како што се лук, карфиол, зачини, грав и.т.н.

    -одредени лекови,

    -интензивни строги диети.