
Исхрана на трудница: 5 едноставни начини за вашите оброци да бидат здрави
Исхрана на трудница: 5 едноставни начини за вашите оброци да бидат здрави
Еден од главните проблеми на денешните трудници е исхраната. Со се поголемата застапеност на преработената храна и ланците за брза исхрана, идните мајки несвесно можат да наштета себеси но и на бебето кое го носат.
1. Доколку оброкот кој го подготвуваат содржи чедар сирење, пармезан или било која вид на сирење, наместо препорачаната количина која стои во рецептот вие користете половина. Тоа е 50 проценти помалку маснотии, но од друга страна ќе внесете препорачана количина на калциум и други хранливи состојки кои се наоѓаат во сирењето.
2. Доколку подготвувате оброк кој содржи кристален шеќер или шеќер во прав, намалете ја количината за 25 до 50 проценти. Оброкот ќе биде помалку сладок, но тоа во секој случај е добро, доколку во текот на бременоста јадете многу слатки работи, ризикувате да добиете гестациски дијабет.
3. Дали и вие сте во љубов со сланината? Ако сте а и дополнително сте бремени, време е да ставите точка на својата љубов, бидејќи зголеменото ниво на сол во организмот може да го зголеми ризикот од задржување на течности, како и високиот крвен притисок. Ако користите сол во текот на готвењето, во процесот на готвење треба да ја намалите количината до 50 %. Доколку во рецептот стои да ставите една лажица сол, вие ставете пола. На оброкот можете да му додадете друг зачин, кој освен што ќе биде здрав ќе содржи и есенцијални хранливи материи.
4. Наједноставен начин јадењето да го направите вкусно е да додадете одредени зачини. Солта е слаб зачин, бидејќи треба да користите голема количина за јадењето да би било зачинето. Како што веќе споменавме, солта треба да се избегнува, но доколку не сте љубители на останати зачини, пробајте на јадењето да додадете лимонов сок или оцет.
5. Зеленчукот е едно од најевтините и наједноставни извори на витамини, минерали и билни влакна. Од таа причина, додека сте бремени слободно можете да ја дуплирате количината на внес. На пример, доколку во рецептот пишува дека треба да ставите еден компир со средна големина и 125 грама грашок, вие користете два компира од средна големина и 250 грама грашок.