Исхрана од шише
Исхраната од шише е лесна и корисна техника што ја употребуваат многумина. Мајките кои дојат, откако ќе се измолзат, можат да го препуштат хранењето и на други личности. Мајките кои не дојат, пак, адаптираното млеко го служат во оваа прекрасна направа. Без оглед на која група припаѓате, секогаш одберете шише што не се крши, по можност со косина кај вратот. Со тоа кај цуцлата ќе се собираат помалку воздушни меурчиња.
Чистење на шишињата
За да избегнете контаминација на бебето, во текот на првите шест месеци секојдневно мијте ја темелно опремата за доење. По овој период, еднаш дневно мијте со сапун и вода, а еднаш неделно стерилилизирајте. Стерилизирајте ја целокупната опрема: шишињата за чување и доење, цуцлите и капачињата.
1. Темелно измијте ги рацете со сапун и топла вода.
2. Испразнете ја и измијте ја целокупната опрема за исхрана. Користете сапун топла вода и четка. Темелно чистете го и плакнете го секое парче.
3. Опремата поставете ја во големо тенеџере полно со вода.
4. Зовријте ја водата и оставете нека врие најмалку 10 минути. Не покривајте го тенџерето за да не се стопи опремата.
5. Тргнете го тенџерето од ринглата.
6. Извадете ја опремата, исцедете ја и оставете ја да се суши.