
Исхрана за болно дете
Болното дете и храната
Зголемената телесна температура и воопшто болеста на детето е голема мака за родителите. Децата во овој период стануваат многу пребирливи, а апетитот им е многу намален.
Најважно е внесување на течности
Лекарите советуваат дека не е страшно ако детето неколку дена поради болеста јаде помалку од вообичаено, а родителите не треба да ги тераат децата да јадат на сила. Меѓутоа многу е важно, а особено ако има висока температура, да внесува многу течности за да не дехидрира. Од температурата човечкиот организам губи многу течности затоа што се поти, забрзано дише и троши повеќе енергија и вода.
Најдобро е детето кое има висока температура да пие вода, но можете да му дадете и друга напивка која му е омилена. Вода никогаш не е премногу – немојте на детето да му ја ограничувате количината, без разлика колку испило.
На децата поголеми од една година дајте им топол чај од камилица или нане со лимон и мед и компот од сезонско овошје.
Ако детето повраќа, треба да пие по неколку лажици вода секои десет минути.
Исхрана за дете со температура
Што се однесува до храната, најважно е таа да биде лесно сварлива, односно да не е тешка. Таа не треба да биде висококонцентрирана храна која прави многу топлина, а пред се треба да содржи јаглени хидрати. Спремете му на детето компир, ориз или тестенина. Избегнувајте масна храна, а јадењето спремајте го со малку масти и маслиново масло.
На детето понудете му овошје и овошни сокови, како и млеко. Посебно се важни млечните производи како што е јогуртот кој има улога да ја сочува здрава цревната флора.
Како главно јадење на детето спремете му варен зеленчук, лесна супа или чорба и малку варено месо, најдобро пилешко или јунешко/телешко. Посебно посветете внимание меѓу производите, односно секогаш да има доста производи кои се богати со витамин С -брокула, пиперка, јаболко, и слично.
Количество и колку оброци треба да има детето во текот на денот
Важно е детето да не го оптовари стомакот, затоа што тогаш варењето на храната се успорува. Давајте му мали порции на секои 2-3 часа, но составени од здрави производи богати со витамини.
Што да избегнувате кога детето е болно
Избегнувајте масна храна – свинско месо и друго масно месо, полномасно сирење, павлака, сувомеснати производи, како и јадења со запршка и благо.
Мерки на претпазливост
Посветете внимание на здравјето на останатите домашни. Ако детето е болно, одвоите садови само за него кои нема да ги користат другите деца или останатите домашни членови.