ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Исхраната на татковците влијае врз здравјето на децата
    Исхраната на татковците влијае врз здравјето на децата

    Исхраната на татковците влијае врз здравјето на децата

    Исхраната на татковците влијае врз здравјето на децата

    Новите истражувања покажале дека исхраната на татковците пред раѓање може значајно да влијае на здравјето на нивните неродени деца. Канадски научници докажале дека спермата носи “сеќавање” на начинот на живот и исхраната на таткото се префрла на потомецот по зачнувањето.
    Вие сте тоа што го јаде вашиот татко-тврдат научниците и советуваат мажите кои планираат потомство, на време да престанат со нездравата храна и на мени да ги вклучат здравите намирници како што се зеленчукот и овошјето. Причина за тоа е дека фолната киселина ја има во големи количини во зелечнукот и има голема улога во пречување на малформации на мозокот и кичмата.
    Како што се советува на жените на внесуваат фолна киселина пред самиот зачеток и во текот на бременоста по налог на доктор, исто така и на мажите им се препорачува. Секако, на мажите не им се советува строго земање на суплементи, но е пожелно во својата храна да воведат намирници богати со фолна киселина како што се, брокула, кељ, спанаќ, шпаргла, грашок. На тој начин, едноставно обезбедувате здрава иднина за себе и своите потомци.