
Исхраната за време на бременоста: Најважните материи за здрава мајка и здраво бебе
Исхраната за време на бременоста: Најважните материи за здрава мајка и здраво бебе
За да се заштитите во текот на бременоста како себе така и вашето малечко, неопходно е да внесувате неколку намирници, корисни за коските и срцето а ќе бидат дел од вашата секојдневна исхрана.
Доколку практикувате здрава и разноврсна храна, веројатно внесот на есенцијални материи кои на телото му се неопходни не претставуваат проблем.
Сепак, постојат група на хранливи материи кои исклучително се важни за потребата на жената, поради промените кои се случуваат за време на менструација, менопауза, бременост или пак дисбаланс на хромони.
Внесот на доволно нутритиви и подобрувањето на здравјето значи оттргнување на многу ризици и болести на долги стази, а вие ќе се чувствувате многу подобро.
Калциум за јаки коски
Доколку во младоста сте изградиле јаки коски, значително ќе го намалите ризиок од остеопороза и во подоцнежните години. По 35-тата година од животот, густината почнува да опаѓа, што е потребно потполно природен процес, па затоа треба да се прави внес на големо количество на калциум и витамин Д на дневно ниво.
Иако млечните производи секогаш биле познати како најдобар извор на калциум, доколку не сте негов љубител или пак имате нетолеранција на лактоза, знајте дека постои и друга намирница која вам ќе ви пружи доволно количество на овој минерал.
Тоа се намирници, како сардина, инчун, лосос, свеж зеленчук, соино млеко, тофу, бадем и семки како сусам и сончоглед.
Препорачана дневна доза на калциум е 700 милиграми но по менопаузата телото се помалку апсорбира, во тој момент ќе треба да ги зголемите дозите.
Фолати за здравјето на мајката и бебешкото срце
Фолната киселина или фолат (vitamin B9) е најважна материја во текот на бременоста, која го спречува развојот на дефект на невралната цевка во ‘рбетниот мозок на фетусот. Откако ‘рбетниот мозок ќе се формира во првите 12 недели од бременоста, од големо значење е да внесувате фолати и на самиот почеток на бременоста.
Исто така, чувари на имуниот систем, произведувачи на енергија, спречуваат анемија и штитат од срцени и мозочни удари. Потрудете се секојдневно да внесете 200 микрограми на фолати, односно 700 во текот на првите 12 недели од бременоста.
Најдобар извор на фолна киселина се спанаќот, аспарагусот, гравот, сокот од домати, брокули како и пченицата со неверојатни 270 микрограми фолат на 100 грама.
Овој минерал е од витално значење за бројни телесни функции. Помага на телото да се избори од стрес, прави енергија и помага во градењето на здрави коски. Исто така, ги одржува мускулите и нервниот систем здрави.