ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Искоренет и вториот вирус причинител на детска парализа
    Искоренет и вториот вирус причинител на детска парализа

    Искоренет и вториот вирус причинител на детска парализа

    Светската здравствена организација го поздрави “историскиот чекор” во борбата против детската парализа, откако научниците потврдија дека во светот е искоренет вториот од трите типа полиовирус, кој е причинител на болеста позната како полиомиелитис.

    Податокот го откри Глобалната комисија за искоренување на полиомиелитис. Тоа значи дека денеска во светот е активен уште само еден вирус тип 1 затоа што вирусот тип 2 е искоренет во 2015 година, додека битката против вирусот тип 3 е добиена оваа недела.

    Инаку, процентот на заболување од детска парализа е намален за повеќе од 99% во однос на 1988 година, но вирусот тип 1 и понатака е многу активен во Пакистан и Авганистан, каде оваа година се заразени 88 луѓе, што е раст во однос на 2017 година, кога се забележани 22 заразени луѓе.

    “Искоренувањето на полиовирусот тип 3 е важен чекор кон светот во кој нема полиомиелитис, но не смее да има опуштање”, изјави директорката на Светската здравствена организација за Африка, Ребека Моети.

    Оваа болест го напаѓа нервниот систем и може да предизвика неповратна парализа во рок од неколку часа. Болеста не може да се лечи, но со вакцина е можно инфекцијата да биде спречена. Имено, токму со вакцинацијата во последните неколку децении, во светот драматично е намален бројот на новозаболени.

    Сепак, во друштвата во кои не се спроведува вакцинација, вирусите лесно се јавуваат повторно и брзо се шират. Посебно се чувствителни луѓето со послаб имунитет и оние кои живеат во проблематични хигиенски услови.

    На Филипините во септември е најавено дека ќе се стартува со локална кампања за промоција на вакцинирањето, затоа што детската парализа повторно се јавува во таа држава, а регистрирани се 2 нови случаи.

    Ребека Моети ги повикува центрите на политички одлуки будно да ја пратат ситуацијата.

    “Државите мораат да го засилат системот на задолжително вакцинирање заедно со засилена контрола, за и најмалата опасност од појавата на болеста на време да биде детектирана”, вели Моети.