Искуство на една мајка: Доењето на туѓи деца потполно ми го промени животот
Искуство на една мајка: Доењето на туѓи деца потполно ми го промени животот
Иако има две деца, Лејси Дејџерстоун одлучила да им помогне на мајките кои поради одредена причина не можат да го дојат своето дете, а мислењето за тоа дали ја прави вистинската работа се поделени.
Лејс Дејџенстоун (27) од Тексас има две деца, но почнала да дои и други бебиња неколку месеци откако ја родила својата ќерка Луна.
“Доењето на туѓи деца е табу тема, но зарем тоа не е само еден начин со кој една мајка може да помогне на друга мајка, или што е уште поважно да помогне на бебето? Доењето на туѓи деца потполно ми го промени животот” кажува некогашната дадилка.
Првото искуство кое таа го имала е кога почнала да го дои бебето на своја пријателка. “Бебето беше старо само девет месеци, а родителите мораа да бидат отсутни за викенд. Моето дете тогаш имаше четири месеци, а јас имав млеко повеќе од што ми треба. Разговарав за тоа со својата пријателка и таа се воодушеви од идејата.
Нејзината пријателка се измолзуваала млеко и го ставала во шишенце “за секој случај”, но Лејси сметала дека природното доење е подобро. Кога прв пат требало да се надои бебето на нејзината другарка, била нервозна, но тоа искуство за неа било /“стимулативно’.
“Признавам дека на почетокот, самата помисла дека дојам дете кое не е мое, беше страшна. Со оглед на тоа дека претходно сум го нахранила моето бебе, ги дезинфицирав брадавиците, а потоа го нахранив и другото бебе”, вели Лејси и додава дека млекото и надошло многу повеќе од претходно, бидејќи доењето е природно искуство.
Инаку, идејата да се дојат туѓи деца Лејси ја добила со оглед на тоа дека неа ја доела бебиситерка кога била мала. “Мојата мајка морала да се врати на работа, па затоа ангажирала дадилка која во тоа време го доела своето дете и мене”.
Лејси смета дека доењето на туѓи деца е гест на помош. Затоа одлучив да едуцирам и да покренам глобална кампања за мајките во Велика Британија, Европа, Австралија, Канада и САД.
Ваквите услуги се потребни воглавно на мајките кои мораат да се вратат на работа, а не сакаат нивното дете поради тоа да не добиваат мајчино млеко, кое има повеќе слоеви на добри ефекти за бебешкото здравје.
Лејси вели дека до сега не и се случило некое бебе да одбие млеко од нејзините гради, но и после тоа да го одбие мајчиното млеко.