• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Исти родители, но комплетни различни деца
Исти родители

Исти родители, но комплетни различни деца

isti ali razliciti

Исти родители, но комплетни различни деца

Во процесот на воспитување, најчесто родителите не прават разлика во пристапот и начинот на воспитување кон првото и второто дете. Но без разлика на тоа се почесто, родителите доаѓаат до заклучок дека нивните деца се сосема различни во начинот на прифаќање на работите, однесување, па врз основа на тоа сметаат дека постојат други фактори кои влијаат на таквото однесување.
Најпрво, се смета дека разликата најчесто произлегува од особините на самото дете, вродениот темперамент, генетиката, сличности со некои подалечни роднини од каде детето има “превземено” ген и слично.
Лошите особини и навики на едно дете можат да размислат дека се резултат на делување на некој од факторите кој има големо влијае. Најчесто ваквото однесување кај децата не прилегаат и не кореспондираат со начинот на воспитување во кој се вложиле самите родители.
Но не секогаш останатите фактори помешале прсти. Понекогаш родителите знаат и да погрешат во проценката, па во тој момент исфрлаат обвиненија врз своето дета. Не се исклучува можноста дека родителите во процесот на воспитување направиле некако пропуст, кој не сакаат да си го признаат. Во ваков случај, може да дојде до ситуација која се нарекува “пропуштена прилика” па она што е лоша особина да не се поправи и едноставно да се препише како особина на детето.
Секое дете, инфромацијата ја прима на свој, единствен начин и прави селекција дали е тоа добро или пак не. На ваков начин расте, осознава, созрева.
За да се изгради личноста на едно дете, треба да се земе предвид дали тоа дете има постаро братче или пак сестриче, но никако да не се занемари и односот и комуникацијата која ја имаат меѓусебно.
За постарите деца, кои одреден период се декларирале како единци, типично е раѓањето на второто дете да го доживеат како губење на родителска љубов, од причина што вниманието е поделено и насочено на две страни.
Оваа промена во статус е доволна причина детето да почне да се фрустрира од фактот повеќе не е најпосакуваното дете и голема е веројатноста неговото расположение да се менува од голема послушност па се до крајна непослушност.
Но, да се земе во предвид дека и помалото дете, подоцна открива дека е во сенка од понапредниот, способниот постар брат/сестра, па врз основа на тоа донесува закључок дека е неспособно и помалку вредно.