ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Истражувањата потврдуваат, секое четврто дете во Македонија е сиромашно.
    Истражувањата потврдуваат

    Истражувањата потврдуваат, секое четврто дете во Македонија е сиромашно.

    Сеуште имаме драматични податоци за детската сиромаштија – секое четврто дете е сиромашно, едно од 300 деца од сиромашните семејства посетува градинка, додека две до три деца од сиромашните семејства одат во средно училиште. Поради ваквата ситуација е донесена одлука за зголемување на средствата за оваа категорија семејства. Наместо моменталната бројка од 3.500 деца кои добиваат детски и образовен додаток, од следната година се најавуваат средства кои ќе успеат да покријат 60.000 деца.
    Со оваа одлука, секое семејство во кое има еден член со минимална плата со две деца во основно и средно образование, ќе добие околу 3.300 мкд.

    Главната цел на оваа реформа е пораст на посетата на децата од сиромашните семејства во градинките за 50%, во што ќе бидат вклучени социјалните и здравствените работници, во заедничка соработка со самите родители. Самата реформа е поддржана од УНИЦЕФ.