ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Истражувањата предупредуваат: Положбата во која спиете во третото тромесечје влијае на предвременото раѓање и намалување на тежината на бебето
    Истражувањата предупредуваат: Положбата во која спиете во третото тромесечје влијае на предвременото раѓање и намалување на тежината на бебето

    Истражувањата предупредуваат: Положбата во која спиете во третото тромесечје влијае на предвременото раѓање и намалување на тежината на бебето

    Врз основа на истражувања, научниците дојдоа до овие податоци.

    Најновите истражувања објавени во магазинот “Obstetrics and Gynecology” ја поврзаа положбата на спиење со предвременото раѓање.

    Имено, по примерот на 1760 трудници од Велика Британија, Нов Зеланд и Австралија, истражувачите ги покажаа своите резултати. Од сите испитаници, 57 од нив кажаа дека спијат на грб во последниот месец. Се испостави дека просечната тежина на новороденчињата чии мајки спиеле на грб е 3,4 килограми, што е за 144 грама помалку од оние малечки кои ги родиле мајки кои спиеле на страна.

    Поранешните студии веќе покажаа дека со промената на положбата на спиење може да се спречи предвремениот пороѓај. Доколку спиете на грб, непрекинато се создава притисок на вената која ја враќа крвта од долните екстремитети и деловите од телото во срцето. Последица на тоа е намалена количина на крв збогатена со кислород кое срцето ја испумпува, со што се намалува дотокот на таа крв на бебето.

    Покрај тоа, лежејќи на грб, мајката со својот стомак создава притисок и влијае на тежината на бебето. И баш поради тоа, положбата во која спиете во третото тромесечје може да доведе до предвремено породување и раѓање на бебе со намалена тежина.