ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Истражувањето потврдува дека со второто дете е “најтешко”
    Истражувањето потврдува дека со второто дете е “најтешко”

    Истражувањето потврдува дека со второто дете е “најтешко”

    Новото истражување покажува дека децата кои се родени втори по ред, особено момчињата, имаат поголеми шанси да западнат во неволји во однос на првородените деца.

    Она што сигурно го знаат родителите со повеќе деца: моментот кога ќе помислите дека сте го сфатиле родителството, доаѓа второто дете и ве фрла во сомнеж. Децата се секогаш различни и така родителите се наоѓаат во нови дилеми, од темпераментот до изразувањето на детските способности.

    Веќе некое време научниците потврдуваат дека редот на раѓање на децата може да влијае на детските способности и достигнувања, а од неодамна истражувањето потврди дека второто дете е навистина “потешко” од останатите. По овие вести родителите може да почувствуваат мало олеснување затоа што сфаќаат дека не е баш се на нивниот грб.

    Жозеф Дојл од Технолошкиот Институт од Масачусетс проучувал илјада семејства со две или повеќе деца во Флорида и открил дека детето кое е родено второ по ред запаѓа во повеќе неволји од останатите деца во семејството – се насочил кон семејствата каде што второто дете е машко.

    “Во семејствата со две или повеќе деца, момчињата кои се родени како второ дете имаат од 25 до 40% поголема веројатност да западнат во некоја неволја на училиште или неволја со законот во однос на момчињата кои се родени први”, открија во истражувањето.

    Дојл вели дека на таквото однесување влијаат многу фактори, вклучувајќи ја потребата на второто дете да се натпреварува за внимание.

    “Првородените деца имаат за пример возрасни личности. А децата кои се родени подоцна имаат за пример личности кои се можеби неколку години повозрасни и ирационални, повозрасни брат или сестра. И родителските вложувања се поинакви, а влијанието на братот или сестрата сигурно допринесува во тие разлики кои подоцна можеме да ги видиме во деликвенцијата”, објаснува Дојл.

    Родителите исто така повеќе вложуваат во родителството кога го одгледуваат првото дете. Кога другото дете доаѓа во семејството родителите се поопуштени, објаснува Дојл.

    Нормално треба да се нагласи дека ова не е правило кое секогаш важи.

    Образованието и средината се важни фактори кои го одредуваат однесувањето на детето. Фактот дека родителите се секогаш поопуштени со своето второ дете има и добра страна – растењето во опуштена семејна атмосфера ја зголемува детската способност самото да се развива.