ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Избор и инсталација на цуцла кај бебето
    Избор и инсталација на цуцла кај бебето

    Избор и инсталација на цуцла кај бебето

    Голем број мајки инсталираат цуцла за да го смират бебето. На повеќето бебиња таа им претставува големо задоволство. Органски цуцли можат да бидат малиот прст, палецот или кокалчињата на раката. Вештачките цуцли (лажливки) се прават од оформен латекс или силикон, од најразлични производители и исти се како оние што се ставаат на врвот на шишето. И органските и вештачките верзии му одговараат на секое бебе и нема да предизвикаат никакви долгорочни медицински или психолошки дефекти.

    Eкспертски совет: внимавајте на знаците на збунетост со брадавицата. Со вештачките цуцли бебето може да заборави  да цица од градите на мајката. Во текот на клучните два месеца, препорачуваме целосно да ги избегнувате цуцлите. Ако ова го забележите кај бебето  во подоцнежните месеци, намалете или прекинете ја употребата на цуцла-лажливка.

    Органска цуцла

    1. Ноктот на вашиот мал прст исечете  го со ноктарка или израмнете го со турпија, за да нема остри рабови. Бебето го сака овој прст повеќе од сите други.

    2. Темелно измијте ги рацете

    3. Свртете ја раката со дланката нагоре. Подајте го малиот прст кон бебето, а другите нека ви останат свиткани во дланката.

    4. Ставете го прстот во устата на бебето. Само врвот треба да го допира горното непце, при што ќе забележите дека двете форми природно се надополнуваат.

    5. Оставете го бебето да цица. Допуштете му ја контролата над прстот, но внимавајте да остане допрен до горното непце.