Избор на играчки за првиот месец на бебето
За бебињата до еден месец играчки не се стриктно потребни, но понатаму како вашето бебе ќе станува пософистицирано, играчките ќе играат важна улога во менталната стимулација. Водете се според информациите што ги даваат прозиводителите и одберете играчки соодветни за возраста на бебето. Бебињата не разбираат што е опасно за нив, па затоа е важно вие да избегнувате играчки со остри рабови и мали, слободни делови. Изберете играчки што стимулираат, најдобри се оние што истовремено ангажираат две или повеќе сетила (вид, звук , допир, мирис и вкус.) Тоа може да биде книга со влакнести страници или парфимирана играчка.
Играчки за прв месец
Црно – бела вртелешка: Над креветот закачете висечка вртелешка со црни и бели форми, надвор од досегот, но блиску до бебето (околу 30-38 см над душекот на креветчето). Во текот на првите неколку недели, бебето повеќе ќе реагира на црно – бели отколку на шарени форми.
Извор на музика: Пуштете му на бебето музика од радио, касетофон, дигитален плеер или музичка кутија. Научни студии покажуваат дека бебињата повеќе сакаат мирна и мелодична музика со повисок тоналитет, какви што се приспивните песни.
Кадифени животни: Бебињата често мислат дека овие играчки се живи и вистински пријатели (особено ако играчката има големи очи). Ова е позната грешка во оперативниот систем и ќе изчезне во рок од 7 до 12 години.