Избор на играчки за вашите најмали
За бебињата до еден месец играчки не се стриктно потребни, но понатаму, како што Вашето бебе ќе станува порафинирано и пософистицирано, играчките ќе играат важна улога во менталната стимулација. Водете се според информациите што ги даваат производителите и одберете играчки соодветни за возраста на бебето. Бебињата не разбираат што е опасно за нив, па затоа е важно Вие да избегнувате играчки со остри рабови, мали, слободни делови. Изберете играчки што стимулираат, најдобри се оние што истовремено ангажираат две или повеќе сетила(вид, звук, допир,мирис и вкус).Тоа може да биде книга со влакнести страници или парфимирана играчка.
Играчки во првиот месец
Црно-бела вртелешка: Над креветот закачете висечка вртелешка со црни и бели форми, надвор од досегот, но блиску до него на околу 30-38 см над душекот на крветчето.Во текот на првите недели бебето повеќе реагира на црно-бели отколку на шарени бои.
Извор на музика: Пуштете му на бебето музика од радио, плеер или музичка кутија. Научни студиии покажуваат дека бебињата повеќе сакаат мирна и мелодична музика со повисок тоналитет, какви што се приспивните песни.
Кадифени животни: Бебињата често мислат дека овие играчки се живи и вистински пријатели(особено ако играчката има големи очи).
Играчки во приод од 2-6 месеци
Во овие месеци бидете сигурни дека играчката е безбедна, на таа возраст бебињата почнуваат се да ставаат во уста.
Подлога за играње
Се продаваат во многу продавници и се поставуваат на подот. Подлогите се во различна форма и боја, а имаат и висечки играчки што го тераат бебето да мавта-а со текот на времето и да ги досегнува – работите што ги сака.
Книги: Одберете книги што бебето може да ги открива со сите сетила. Книги со картон, ткаенина или пена се убав начин бебето да се заинтересира за нив. Дозволете му на бебето да си игра со нив како што сака, да ги гризе, гледа или допира.
Инструменти: Многу бебиња уживаат да свират и да слушаат музика. Мали тапанчиња и ѕвонци (без остри рабови) можат позитивно да влијаат на развојот на звучните сетила.
Вртелешки: На 6 месеци, бебето веќе може да гледа бои и да распознава комплексни форми.
Тропалки, топки и играчки за стискање: Додека ја развива способноста да фаќа и да поместува објекти, дајте му на бебето играчки за во рака. Оние што испуштаат звуци ќе го научат на принципот на причина и последица.
Пластично некршливо огледало : Ставете го до креветчето, со што бебето ќе добие неколку минути забава секој ден и ќе учи да се распознава.