• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Изборот на долен веш влијае на (не)плодноста кај мажите
Изборот на долен веш влијае на (не)плодноста кај мажите

Изборот на долен веш влијае на (не)плодноста кај мажите

Изборот на долен веш влијае на (не)плодноста кај мажите

Одамна е познато дека високите температури негативно влијаат на производство на сперматозоиди, а сега истражувањара наведуваат и дека изборот на машкиот веш може да биде поврзан со неплодноста.
Во споредна со мажите кои носеле тесен веш, мажите кои носеле боксерици имаат поголем број на концентрација на сперматозоиди, а нивната подвижност е исто така подобра.
Причината е ниска температура на тестисот, бидејќи многу одамна е познаѕо дека успешното производство на сперматозоидите бара температура која е околу 4 целзиусови пониска од просечната телесна температура.
Тесниот веш ги држи тестисите стиснати и преблиску до телото, што резултира со намалување на бројот на сперматозоиди. Притоа тестисите се загреваат, што неповолно влијае на развојот на здрава сперма и на нивната концентрација.
Неплодноста несомнено не е само женски проблем. Репродукцијата е сепак тимска работа. Сеедно, веруваме дека дополнително ќе се проучува машкиот допринос кога е плодноста во прашање.