ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Јаболко за бебето
    Јаболко за бебето

    Јаболко за бебето

    На бебето можете да му давате јаболка веќе од шестиот месец, а за почеток најпожелна е сортата ајдаред.

    Пожелно е секое дете да го засака ова овошје. “Јаболко на ден и доктор не е потребен” има добар маркетиншки призвук, но во тоа има и вистина.

    Постојат многу сорти на јаболка и би било добро вашето дете да ги проба сите. За почеток не е лошо да се држите подалеку од киселкастите сорти како Грени Смит (Granny Smith). Најдобро е на детето најнапред да му дадете слатко јаболко (златен делишес или ајдаред) како повторно би сакало да го јаде истото.

    Јаболко може да му дадете на бебето веќе од шестиот месец. Побарајте ги оние потврди без видливи оштетувања.

    На пазарот можат да се купат разни видови на кашички од ова овошје. Најнапред погледнете ја налепницата за да се уверите дека во мешавината нема додаток на шеќер. Витаминот Ц е единствен додаток на кашичките, кој се користи како конзерванс, исто како да сте исцедиле лимонов сок на јаболкото.

    Рецепт за бебето

    Јаболкото најнапред треба да го излупите пред да го дадете на бебето, затоа што тоа не може да ја изџвака кората, иако поголемиот број на хранливи состојки се наоѓаат токму во неа. Секако дека ова овошје е многу добро за детето, па затоа најнапред обарете го како доволно би омекнало за бебето да може да го јаде.