Јазиците најлесно се учат во период од 3 до 5 годишна возраст
Знаењето на англиски, француски, германски, италијански или некој друг јазик одамна не е престиж туку потреба. За ова сведочи се поголемото интересирање за странски јазици помеѓу децата од предшколска возраст. Кој период е најдобар за почеток на изучување на странскиот јазик?
-
Идеално би било детето да почне да учи странски јазик од градинка. Вели Ana Oliverio Feraris, доцент на одсекот на Развојна психологија на Универзитетот “La Sapienca” во Рим.
-
Најновите невролошки истражувања покажуваат дека најдобар период кај децата каде може да го постигнат максималното ниво е измеѓу третата и шестата година. Пред тоа е многу рано, бидејќи детето најпрво мора добро да го совлада мајчиниот јазик, да научи правилно да ги изговара зборовите и доволно да му е збогатен речникот. Дури тогаш ќе може да направи “ментален скок” за некој друг јазик, да го сфати и да го усвои новиот јазик, да биде свесно за тоа дека е потполно различно од оној кој го зборуваат околу него и на кој се навикнати.