• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Јазикот на близнаците (Близнаците развиваат јазик кои само тие го разбираат)
Јазикот на близнаците (Близнаците развиваат јазик кои само тие го разбираат)

Јазикот на близнаците (Близнаците развиваат јазик кои само тие го разбираат)

Дали е точно дека близнаците подоцна прозборуваат

Во повеќето случаи да. Истражувањата покажаа дека повеќето близнаци прозборуваат подоцна од своите врсници, посебно ако се родени предвремено или ако имале помала тежина после породувањето. Освен тоа, обично родителите на близнаците имаат помалку време да се посветат на секое од нив поединечно. Односно помалку зборуваат со нив отколку кога би имале едно бебе, па и тоа може да биде причина за малку послаб развој на говорот. Меѓутоа тоа не мора да биде правило за сите бебиња кои се родени во пар.

 

Дали имаат послаби говорни способности од своите врсници единки

Говорот на близнаците е често помалку разбирлив и течен од говорот на единките. Близнаците понекогаш може да заостануваат во развојот со говорот од своите врсници и до две години, иако интелектуално се на исто ниво. Тако некои петгодишни близнаци некои гласови ги изговараат како да имаат три години, а осумгодишните ја градат реченицата како да се шестгодишни.

Тие разлики треба потполно да исчезнат околу десетата година од животот. Стручните лица сметаат дека главната причина за тоа е дека родителите не развиваат дијалог со секое дете поединечно, туку им се обраќаат како целина. Освен тоа близнаците често меѓусебно се натпреваруваат за вниманието на возрасните, сакаат повеќе да кажат, па зборуваат брзо и неспретно.

 

Зошто близнаците развиваат свој јазик?

Околу 40% од близнаците во втората година од животот во периодот кога децата почнуваат да зборуваат, развиваат свој јазик кои само тие го разбираат. Во науката овој феномен е познат и како “јазикот на близнаците” а стручно се нарекува идиоглосија, криптофазија или автономен говор. Близнаците ги изговараат зборовите неисправно, па дури и измислуваат нови, а при тоа меѓусебно одлично се разбираат.

Тоа подоцна е често причина за нивните послаби говорни способности, иако тие без проблем го разбираат говорот на другите. Близнаците сами од себе престануваат да зборуваат на својот јазик во третата година. Ако продолжат и понатака да се разбираат само на тој начин и така се изолираат од опкружувањето, посоветувајте се со логопед.

 

Зошто едниот близнак стално молчи, а другиот стално зборува?

Една од карактеристиките на говорот на близнаците е и тоа дека едниот од нов е поумешен во говорот од другиот. Обично тој е доминантната особа, па затоа си дава улога на “дрвен адвокат“ и одговара на прашањата за двајцата. На другиот близнак обично таа поделба на улогите му одговара, затоа што знае дека братот или сестрата ќе го кажат во негово име она што тој го мисли.

Тој помолчалив близнак, од друга страна е поумешен во нешто друго, на пример, поразвиена му е моториката.

 

Како да ги поттикнеме близнаците правилно да зборуваат?

Најважно е на секој близнак поединечно да му посветувате доволно внимание, односно неколку пати дневно да зборувате со секој од нив поединечно. За тоа има доволно можности, затоа што близнаците не мора се да прават истовремено. Така мајката може да му се посвети на едното дете додека го облекува, а таткото за тоа време да ги мие забите со другото дете.

Цело време зборувајте со нив исправно и очекувајте да Ви одговорат на истиот начин. Кога сите заедно си играте или правите нешто друго, не им се обраќајте како целина, на пример. “Што правевте?“ или “Донесете ми ја коцката“, туку на секое посебно.