ЈОД = добро здравје
Секојдневните обврски и стресот, непрекинатата грижа за најмладите, го исцрпуваат нашиот организам како физички така и психички.
Витамините и минералите ги внесуваме од намирниците и водата кои ги конзумираме. Некои минерали е неопходно да се внесуваат секојдневно затоа што нашиот организам не е способен сам да ги произведе. Еден од нив е ЈОДОТ. Тој е неопходен за правилна работа на штитната жлезда, а од големо значење е и за трудниците и децата.
Во бременоста влијае на развојот на неуронската мрежа, која е неопходна за развојот на интелегенцијата, па неговото влијание продолжува и во детството.
Недостатоците на јод се рефлектираат и на нашиот надворешен изглед. Еден од показателите е сувата, груба и иритирана кожа. Детоксикацијата на организмот се врши преку кожата, кога телото исфрла токсини а на тој начин ја регулира и телесната температура. Недостатокот на јод може да го наруши овој природен процес.
Затоа додека се “соочуваме” со празниците, славите, а со самото тоа и со зголемен внес на храна, да пробаме да посветиме внимание на тоа која храна ќе ја внесуваме во нашиот организам, односно да внесуваме храна богата со јод како што се морските плодови, јогуртот, јајцата, печените компири, јагодите, брусниците и др.