ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Јога за трудници
    Јога за трудници

    Јога за трудници

    Периодот на блажена состојба кај секоја жена подразбира и идеално време за јога бидејќи во овој период Вие и Вашето бебе заслужувате најдобро. Благодетите и вежбите од јогата кои најчесто се користат и како вежби во медицината се пренесуваат и на Вашето бебе. Таа не учи како да го почитуваме сопственото тело и промените кои се случуваат во текот на бременоста.

                              

     Зошто јогата е корисна за трудници?

    •       Помага да ги решите трудничките мачнини

    Вежбањето јога помага да ги решите мачнините кои често се јавуваат во текот на бременоста. Ја подобрува циркулацијата, го спречува задржувањето на течности, ја подобрува работата на цревата, помага кај проблемите со грбот, го подига нивото на енергија, ги спречува отоците и грчевите во нозете кои се чести во последниот триместар од бременоста.

    •       Помага во случај на несоница

    Многу чест проблем на трудниците се секако проблемите со спиењето, а најчесто причина е неможноста да се наместат во удобна позиција. Јога вежбите ќе Ви помогнат да се ослободите од притисокот и грижите околу породувањето со кои сте секојдневно оптеретени. Со оглед на тоа дека после физичката активност сте многу поопуштени голема е веројатноста полесно да заспиете.

    Во текот на часот обратете внимание во која положба се чувствувате најудобно додека ги правите вежбите на под.

    •       Ослободува од стрес

    Само еден час медитација дневно помага да се ослободите од стресот, па значењето на оваа техника за релаксација за трудниците е многу големо. Вежбањето на јога помага да се ослободите од сите негативни емоции и од психичкиот притисок, барем на некое време.

    •       Ја подобрува мускулатурата

    Доколку пред бременоста сте имале добра мускулатура, како времето одминува ќе имате се повеќе проблеми, затоа што Ви расте стомакот, градите, а поради вишокот на килограми може да имате и проблеми со рамнотежата. Јогата ги зајакнува ослабените мускули во пределот на грбот и ги затега мускулите во пределот на градите. Освен тоа ја одржува мускулатурата на телото во рамнотежа.

    •       Помага да останете еластични

    Јогата ја подобрува еластичноста што е многу значајно за идните мајки, затоа што нивното тело нежно се растегнува и прави доволно место за бебето. Со ова растегнување на мускулите и зглобовите се зголемува просторот помеѓу карлицата и стомакот како бебето би имало доволно место. Исто така се ослободува напнатоста во пределот на грлото на матката и карлицата и на тој начин го олеснува породувањето.

    •       Ги спречува мачнините

    Утринските мачнини, но и мачнините во текот на денот можат да се спречат со вежбање на јога, поточно со вежбите за дишење. Правилното длабоко дишење му овозможува на организмот доволно кислород и помага да се опуштите. Доколку наутро или во одреден период од денот имате мачнини, практикувајте штом се разбудите да ги правите вежбите за дишење како би ја спречиле оваа непријатност.

    •       Ја забрзува рехабилитацијата после породувањето

    Јогата не само што е корисна за трудниците, туку е корисна и за новите мајки. Со вежбање може да се почне веќе после шест до осум недели, доколку лекарот не Ви каже поинаку, а најдобро е да се прават вежби во придружба и консултации со инструктор. По породувањето вежбите јога ги зајакнуваат мускулите на стомакот и грлото на матката, помагаат на мајките побрзо да се вратат во форма и им пружаат неопходна енергија.