ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како бебето да биде сигурно покрај куќниот миленик
    Како бебето да биде сигурно покрај куќниот миленик

    Како бебето да биде сигурно покрај куќниот миленик

    Еве неколку совети како Вашето бебе да биде сигурно покрај куќниот миленик

    Бебето почна да ползи. Веројатно сте загрижени како ќе се снајде во присуство на куче и како да ги научите и детето и куќниот миленик да не се повредат меѓу себе.

    Кога бебето ќе почне да ползи не е сигурно да го оставите само дури и со најмирното куче. Еден ненамерен удар или притисок врз шепата може да го предизвика кучето да касне. Детето и кучето може да се натпреваруваат околу храната, па затоа немојте да го храните Вашето дете во близина на Вашиот миленик и немојте да дозволувате детето да трча околу чинијата додека кучето јаде.

    Научете го Вашето дете да биде нежно со кучето. Покажете му како нежно да го гали и како нежно да поминува со прстите низ влакната на кучето. И на крај мора да го познавате своето куче. Миленикот кој е доминантен и без страв помалку е толерантен на однесувања кои му се чинат инвазивни. Во тој случај можеби треба да ставите корпа на муцката на кучето, како и детето да биде во посебна, за кучето недостапна просторија, во моментите кога не можете да го надгледувате.