Како бебето ја покажува љубовта спрема мајката
Бебињата имаат свој начин на покажување на љубовта спрема мајката и се изразуваат низ ситници кои се доста видливи. Мајките се восхитени на своите бебиња и уживаат во нивното растење, а љубовта им ја покажуваат на различни начини. Меѓутоа, бебињата имаат свој начин на покажување на љубов спрема мајката и се изразуваат низ ситници кои се многу видливи.
Доколку Вашето бебе престане да плаче кога ќе го подигнете, тоа Ви верува и ужива во Вашето присуство. Бебето на тој начин ја покажува љубовта, а најсмирено е тогаш кога е допрено образ на образ со својата мајка.
Бебињата сакаат кога им пеете
Дури и ако возрасните не сакаат да слушаат како пеете и свесни сте дека не сте баш талентирани за пеење – Вашето бебе сака да го слушне Вашиот глас и ужива во звукот на мелодијата која ја правите со него. Тие исто така сакаат кога им зборувате и секогаш ќе имаат посебна реакција на Вашето зборување.
Бебињата сакаат кога си играте со нив, а сите Ваши игри и шеги им се многу забавни. Дури и ако со лажичката глумите авионче или само правите различни изрази со лицето, доколку бебето се смее тоа значи дека Ве смета за забавна и ужива во Вашето присуство.
Ако бебето често одговара на одреден начин, пробува да зборува и покажува на работите, тоа значи дека сака да го привлече Вашето внимание и дека му е важно да слушнете што пробува да Ви каже.
На бебињата присуството на мајката им е најбитна работа на светот, а доколку не сте присутни, цела своја енергија ќе ја вложат барајќи ве.
Наједноставниот знак кој ќе Ви покаже колку Вашето бебе Ве сака се неговите гестикулации и изразите со лицето кога ќе Ве здогледа.
Доколку се смее и ги пружа рацете спрема Вас – Ве обожава.