ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како бебето спие во стомакот?
    Како бебето спие во стомакот?

    Како бебето спие во стомакот?

    Бебето спие во стомакот повеќе од дваесет часови дневно.

    Вашето бебе во матката е во средина која е темна, топла и тивка, а кога одите, или се помрднувате го лулкате своето бебе во сон.

    Бебето е навикнато на смирувачкиот звук на вашите отчукувања на срцето, звукот на вашите црева и вашиот глас. Никогаш не е гладно затоа што има константен доток на хранливи материи.

    Како резултат на овие фактори, бебето ретко има проблем со спиењето.

    Периодите во кои бебето е будно се ретки и траат многу кратко. Вашето бебе е многу активно во сонот. Шутирањето и удирањето, кои ги чувствувате, се главно движења, кои ги прави во текот на спиењето.

    Негде околу седмиот месец вашето бебе ќе почне да сонува. Неговиот мозок до тогаш ќе биде доволно развиен за РЕМ сон. Колку децата се помлади толку повеќе сонуваат, а неродените бебиња сонуваат најмногу – околу 90% од своето спиење го поминуваат во РЕМ фаза.

    За што може да сонува фетусот? Тоа никако не можеме да го дознаеме. Можеби само налети на звук и некои замаглени слики.

    Ако сте оделе на 4Д скенер, можеби сте забележале дека вашето бебе се насмевнува во сон. Тоа се случува поради РЕМ фазата од сонот – фасцијалните мускули се грчат и создаваат нешто што ни изгледа како насмевка во сонот.

    Вашето бебе е “ноќно суштество”. Најактивно е навечер затоа што тогаш има најмногу простор за помрднување и најмалку смирувачки движења кои го тераат во сон.