Како бебињата го гледаат светот околу себе?
Секој родител барем еднаш се прашал дали нивните деца ги гледаат и како ги гледаат. Сега науката има одговор.
Како гледаат бебињата
Со помош на технологијата, математика и претходно познавање на визуелната перцепција кај бебињата, научниците конечно успеаа да им покажат на возрасни како нивните деца ја перцепираат средината.
Експертите кој ја спроведе студијата на Универзитетот во Осло, оваа недела ги објавија резултатите од нивното истражување, кој проучувале како децата го гледаат светот околу нив, односно кои изрази на нивните родители и луѓето околу нив ги препознаваат и од кое растојание.
Резултатите од студијата покажале дека бебињата на возраст од две до три дена на животот може да го видат лицето па дури и емоционално изразување на растојание од 30 сантиметри, што е просечна оддалеченост меѓу лицето на детето и лицето на мајка додека го дои.
Ако ова растојание се зголеми на 60 сантиметри, сликата станува заматена и непрепознатлива, па детето не може да го види изразот на лицето на мајката.