ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како чувството на вкус се развива кај бебето
    Како чувството на вкус се развива кај бебето

    Како чувството на вкус се развива кај бебето

    Бебињата се раѓаат со вродена склоност кон сладост, бидејќи тоа е вкусот на мајчиното млеко. Подоцна постепено ќе усвојуваат и други вкусови, и овој процес тече приближно вака …

    Развој на чувството за вкус кај бебето

    ДО 6 МЕСЕЦИ

    Сетилата за вкус на новороденчето не се распордени само на врвот на јазикот (како кај возрасни), туку низ целиот јазик. Природа така створила за да би помогнала најзбро да го најдат патот до дојките и до највредниот извор на храна – мајчиното млеко.

     

    Сетилото за вкус почнува да се развива додека бебето е во стомакот на мајката, околу 20 недела од бременоста. Истражувањата покажуваат дека исхраната на мајката за време на бременоста може да влијае на развојот на сетилата на бебето, затоа што некои вкусови поминува низ плодовата течност преку која бебето може да ги проба ако, на пример, за време на бременоста се конзумира многу овошје и зеленчук, постои голема веројатност дека, кога ќе порасне, вашето бебе ќе го обожава вкусот на овој вид на храна.

    Од 6 до 12 МЕСЕЦИ

    Во овој период интензивно се развива чувство за вкус на вашето бебе, па затоа е многу важно да добива квалитетна и разновидна храна. Храната што почнувате да му ја давате, во голема мера ќе влијае на неговата исхрана во иднина. Накратко, веќе можете да го научите како да јаде здрава храна.

     

    Не брзајте, полека започнете со воведување на нови вкусови: прво понудете му храна на млечна основа, а потоа прејдете на пире од овошје и зеленчук.

     

    Во оваа возраст се губи “рефлекс на туркање на храната”, така што вашето бебе нема веќе со јазикот да ја турка храната, ќе биде во можност да ја проголта. И чувството за вкус на бебето за да правилно  се развива, во неговата храна не се додава сол, шеќер, вегета и слично. Нека се навикне на природниот вкус на храна!

     

    Од 12 до 18 месеци

    Како бебето расте, така се развива и чувството за вкус, како и потребата за повеќе разновидна храна. Ако во последните шест месеци сте се држеле до правилата на здравата исхрана и не сте давале на вашето дете храна, која е потенцијална причина за алергии (неадаптирано кравјо млеко, белка од јајце, агруми, глутен), сега може да воздивнете, бидејќи ризикот од алергии поминал. Покрај тоа, веќе не треба да се пасира храната, туку да му ја давате ситно сецкана. Ќе видите, тоа ќе сака да ја фати со прстите и да ужива во својата нова храна.

     

    На оваа возраст, децата сакаат да го истражуваат светот, па дури и нови вкусови. Сега е време да му даде некој вид на овошје кои до тогаш не го пробало (киви, ананас, манго) и да се подготват на главно јадење со додавање на мало количество на медитерански билки (босилек, мајчина душица, оригано). Ако некој од новите вкусови не му се допаѓа, не ги елиминирајте целосно, понудете му ги пак по десет дена. Покрај тоа, научете го да јаде различни видови на морска и слатководна риба.

    Поради интензивен раст на забите можно е апетитот на вашето дете да ослабне. Не грижете се, станува збор за фаза која поминува.

     

    Многу родители грешат кога во рана возраст децата почнуваат да даваат бонбони и чоколади, и засладени сокови. Овие храни се штетни и треба да се замени со мед, интегрални колачи и природно исцедени сокови. Во спротивно, детето ќе се навикне на слатко, па затоа ќе одбие да јаде солена храна. Покрај тоа, шеќерот е штетен за забите и органите за варење.