ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како да држите бебе кое ползи
    Како да држите бебе кое ползи

    Како да држите бебе кое ползи

    Бебињата што почнале да ползат, на возраст од 6 месеци или повеќе, се значително потешки отколку при раѓањето. Поради ова, старите методи на држење стануваат некомпатибилни. Ако бебето ползи,тоа значи дека мускулите на грбот, вратот и главата зајакнале, што дозволува нови позиции за држење.

    Држење на колк

    1. Со едната рака потфатете го бебето под грбот и под двете пазуви.

    2. Со другата рака држете го под задникот.

    3. Ставете го бебето на колкот. Можно е да ви биде полесно ако го поставите телото под агол и ако го ” исфрлите” колкот, со што ќе добиете дополнителна површина за бебето. Тоа треба да ви биде отстрана, со едната нога пред вас, а со другата зад вас.

    4. Со раката фатете го бебето кај плешките. Ако бебето ве држи, можете да го фатите на долниот дел од грбот.

    Држење вреќа

    Овој зафат е соодветен за пренос на мали растојанија. Бидејќи бебето го држите хоризонтално, тоа најчесто нема да го толерира долго.

    1. Пристапете му на бебето одзади.

    2. Посилната рака поставете ја под бебето, меѓу нозете, кај градите. Можете да го свиткате лактот.

    3. Другата рака поставете ја на грбот на бебето, колку да го стабилизирате.

    4. Кренете го бебето и приближете го до себе. И понатаму стабилизирајте со послабата рака.