Како да ги елиминирате полноќните доења
Бебето ќе бара храна во доцните ноќни часови се до возраст од 9 до 12 месеци. Откако ќе наполни една година, барањето храна во овој период ќе биде повеќе од навика отколку од реална физичка потреба. Постапно елиминирајте ги полноќните доења на следниов начин.
1. Постепено намалувајте го количеството храна што му го давате на бебето. Ако го храните од шише, подгответе 200мл првата ноќ, 180 мл втората ноќ и така натаму. Ако го доите, секоја вечер намалувајте го времетраењето на подојот за една минута.
2. Обрнете внимание на дневното внесување храна кај бебето. Бебињата најчесто ќе го надоместат испуштеното со тоа што повеќе ќе јадат дење. Со текот на времето потребата за полноќни доења ќе изчезне.