
Како да ги исчистите дамките од облеката на бебето на природен начин
Кога младата мајка ќе воведе немлечна храна на своето бебе, перењето на неговата облека и неговите лигавчиња претставува голем предизвик, а кога ќе почнат игрите на отворено се појавуваат и дамки од трева, земја и цвеќе.
Прашокот за перење на облеката на бебињата е многу благ и не може да ги исчисти овие дамки. Мајките често употребуваат гелови за чистење на дамки, кои не се наменети за чистење на облека за бебе и не се препорачуваат. Овие средства се формулирани длабоко да навлегуваат во ткаенината и покрај перењето и плакнењето остануваат во ткаенината а преку неа се пренесуваат на кожата на бебето, а преку кожата и во организмот на бебето.
За да ги избегнат агресивните средства за отстранување на дамките многу мајки користат средства за миење на садови со желба да ги исчистат грдите дамки. Но тоа што е наменето за миење на садови кои лесно се плакнат нема да биде добро и за ткаенината во која средството длабоко навлегува и многу потешко се плакне и преку ткаенината навлегува во детската кожа. Немојте да користите средства кои не се хидроалергени и не се наменети строго за чистење на дамки на детска облека.
Кои дамки најтешко се чистат и како можеме да ги исчистиме од облеката на нашето бебе?
Млеко
Дамките кои најчесто се појавуваат на облеката на бебињата се најчесто од млеко. Не треба да се остави млекото да се исуши на облеката затоа што потоа многу тешко се чисти. Измијте го местото со ладна вода а потоа ставете го да се пере во машина. Пред перење можете да го истриете со природен сапун за отстранување на дамки. Користете средства кои не содржат иритирачки и алергени состојки.
Овошје, зеленчук и јајца
Ако вашето бебе веќе јаде кашички од овошје, знајте дека овошјето остава најдлабоки флеки кои најтешко се чистат. Истото важи и за зеленчукот со јаки бои како на пример, цвеклото, морковот, брокулата и спанаќот.
Што треба да се направи во вакви случаи? Најдобра работа која може да ја направите е веднаш да ја исперете дамката со ладна вода и да ја намачкате со природен сапун против дамки, а потоа да ја исперете облеката во машина. На ист начин најдобро ќе ги отстраните и дамките од јајца. Ако дамката не се чисти нанесете на местото малку алкохолен оцет или сок од лимон а потоа исперете.
Трева и земја
Играњето во природа е една од најкорисните активности за бебето/детето. Но имајте на ум дека тревата и земјата оставаат дамки кои тешко се чистат. На ткаенината која е обоена со трева нанесете алкохолен оцет или малку сок од лимон, протријте го местото нежно со четкичка или со сунѓерче и оставете го да отстои за добро да впие, а потоа исперете ја облеката во машина, и дамката од трева успешно ќе се исчисти. Истата постапка важи и за дамки од земја.
Масни дамки и дамки од чоколадо
Хидроген пероксид е едноставна формула од соединение на водород и кислород, а со додаток на сода бикарбона одлично ги чисти дамките од овошје и зеленчук како и старите дамки кои останале и покрај перењето. Доволно е ткаенината да се натопи малку со 3% хидроген, а потоа да се натопи со сода бикарбон и да се истрие полека со сунѓерче. Во случај на третирање на масни дамки од путер, масло и траги од бебешка крема, навлажнете го местото со хидроген а потоа истријте го со бебешко средство за отстранување на дамки и после еден час исперете го во машина. На ист начин третирајте ги и дамките од чоколадо.
Хидрогенот е средство кое дезинфицира и ја прави облеката побела. Затоа ако белата облека на бебето е малку потемнета ставете ја да отстои во 3% раствор на вода и една шолја хидроген неколку часови а потоа исперете во машина.
Имајте на ум дека најефикасно отстранување на дамки е ако го почитувате правилото дека облеката треба моментално правилно да се третира, со прави средства а потоа да се пере во машина. За да ја заштитите чуствителната кожа на вашето дете неопходно е да ги елиминирате средствата за отстранување на дамки кои не се наменети за бебиња и да изберете средство и прашок кој е наменет за бебиња, оној кој не е само ефикасен туку е и природен, хипоалерген и безбеден за вашето дете.