ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Интервју   >  Kако да ги исчистите најтешките бебешки дамки ? GОЕ baby – Освојувач на детскиот неред
    Kако да ги исчистите најтешките бебешки дамки ? GОЕ baby - Освојувач на детскиот неред

    Kако да ги исчистите најтешките бебешки дамки ? GОЕ baby – Освојувач на детскиот неред

    Kако да ги исчистите најтешките бебешки дамки ?

    Бебенцата се неуредни. Тоа е факт. Најверојатно очекувавте (МНОГУ ЧЕСТИ) промени на пелени, и најверојатно предвидовте многу пресоблекувања. Но, зарем не е малку шокантно колку многу тешки телесни течности можат да излезат од нешто толку мило и симпатично? (Ние нема да лажеме, бевме малку шокирани.) Од измет до плукање, еве како да се справиме со најлошите бебешки дамки.

     

    Големото протекување

    Не можете да го заборавите првото големо протекување на пелена на вашето бебе (иако многу сакате). За да го задржите хаосот на едно место и да го избегнете ширењето во косата на вашето бебе, превртувајте му ја облеката надолу од плеќите на вашето бебе, наместо да го повлечете над главата. Откако вашето мало е чисто и суво, време е да се нафатите за работа на ,,тој’’ валкан дел. Прво, намокрете ги и исплакнете ги валканите бебешки алишта со студена вода. (Не дозволувајте да се исушат!) Потоа напрскајте ги со отстранувач на дамки (обидете се со: GOE baby природен чистач за бебешки дамки) и ставете ги во машината за перење на топло со безбеден бебешки детергент за перење. Откако ќе заврши миењето, проверете дали дамката исчезнала пред да ја ставите облеката во машината за сушење. (Топлината помага да се зацврсти дамката) Ако дамката се уште не е исчезната, повторете го третманот и рутината со прскање и со машинско перење.

    Geo baby

     

    Млечниот паt

    Дамките од мајчиното млеко и бебешката храна можат да бидат тешки и тврдокорни. Се разбира, најдобро е брзо да се справите со дамките, но знаеме дека алиштата не се први на листата на приоритети кога имате новороденче. Доколку успеете брзо да дојдете до чистење на дамката, измијте го предметот во ладна вода со детергент кој содржи ензими на природна база (Пробајте: GOE baby природен чистач и бебешки детергент). Овие ензими помагаат да се разградат протеините и мастите во протеинските дамки како мајчиното млеко, бебешката храна, па дури и крвта. Ако дамката се исуши, натопете го производот во ладна вода со ензимски детергент најмалку 30 минути. Потоа, продолжете со триење на полето пред нормално да го измиете во машината како претходно.

    Плукањето се случува

    Бебињата плукаат многу во првите неколку месеци и многу е веројатно дека ќе го погодат секого и сèшто, барем еднаш. Исплакнете и натопете ја облеката во ладна вода пред да употребите отстранувач на дамки на погодената област. Потоа се мие како што нормално ја миеме. Дамката треба да излезе лесно (во зависност од тоа што бебето јадело). Доколку не, обидете се повторно. Ако вашето бебе плука на нешто што нема да се вклопи во машината за перење (на пример, каучот, душекот, тепихот и сл.), избришете ја областа што е можно побрзо. Проверете ја ознаката за нега на предметот за да бидете сигурни дека може да се чисти со вода. Ако е дозволено, измешајте мала количина безбеден ензимски детергент со ладна вода и размачкајте ја површината со сунѓер. Ако не можете да користите вода, исчистете ја дамката со растворен спреј за дамки или алкохол.

    Не грижете се; мирисот ќе исчезне откако ќе се исуши.

    Наш совет: Пред прскање на каучот, душекот, тепихот итн., тестирајте на невоочлива површина за осетливост.

    Geo baby

     

    Линк до продуктот – http://www.babyshop.mk/mk/goe-baby