Како да ги негувате забите и усната шуплина кај децата
И на бебињата, како и на возрасните им е потребна нега на усната шуплина од првиот ден на раѓањето
Превентивната стоматологија има за цел да ја подигне свеста на пациентите за значењето на правилното и редовно одржување на хигиена на забите и усната шуплина, со што воедно може да се спречи настанувањето и развивањето на различни заболувања.
Исто така, неопходно е и да се промени свеста и пристапот во одржувањето на хигиената на усната шуплина и првите запчиња кај бебињата.
Родителите се често во недоумица кога е потребно да се воведе четка за заби, но до тој момент, најчесто не применувале никаква хигиена на усната шуплина кај бебињата, вели др. Лукач.
И на бебињата како и на возрасните им е потребна нега на усната шуплина уште од првиот ден на раѓањето. Ги советуваме родителите после секое хранење со влажна газа да ги пребришат непцата на бебето. Газата е неопходно да се наводени со раствор од вода и ксилитол. Овој вид на природен шеќер, во облик на прашок, се вградува и ја зајакнува структурата на забите, кои од некој момент ќе почнат да никнуваат, а воедно ја оневозможуваат адхезијата на бактериите кои предизвикуваат кариес во устата на бебето.
На тој начин, родителите го превенираат настанувањето на кариес од најраната возраст. Нормално, примената на ксилитол е неопходно да се продолжи и после никнувањето на забите затоа што допринесува на сталната минерализација и зајакнувањето на глеѓта на забите.
Безбедноста на ксилитолот е детално испитана и тој веќе со години се користи како составен дел од различни производи. До сега ксилитолот во мали количини го внесувавме преку мастиките или бомбоните, а сега можеме да го пронајдеме како производ во дози прилагодени за деца и возрасни. Исто така, важно е да се нагласи предноста на примената на препарати кои покрај ксилитолот содржат и корал санго. Двете супстанци се многу ефикасни и претставуваат клуч во унапредувањето на оралното здравје кај сите возрасти и категории, затоа што се потполно безбедни и доколу се голтнат.
Навиката на правилното одржување на оралната хигиена значајно го намалува ризикот од оболување на забите и непцата, па стекнување на овие навики треба да се применува уште од најраното детство. Навистина е важно родителите да посветат посебно внимание во креирањето на навики кај оралната хигиена на децата уште во најраниот период.
Исто така, не треба да се занемари ни улогата на здравата и правилна исхрана, како и редовната посета на стоматолог во превенцијата кај оболување на забите и непцата.