Како да ги одвикнете децата од цуцла – Советуваат психолозите!
Бебињата и малите деца обожаваат цуцли. Ги смируваат, успиваат и ги задоволуваат нивните потреби во така наречената орална фаза. Меѓутоа, како да се постапува во моменти кога ќе дојде до момент кога детето треба да се одвои од цуцлата, за да не дојде до траума?
Најизразениот нагон во првите денови и месеци од бебешкиот живот е нивната потреба за цицање. Кога на новороденчето со прст ќе му ја допрете устата, тоа веднаш ќе ја отвори устата. Како децата растат, така овој нагон постепено се губи.
До втората или третата годи а од животот доминантна е оралната фаза во развојот – сите задоволства кои се поврзани се за усната шуплина, шишиња, цуцли, цицање на прст.
Кај некои деца оралната фаза е поизразена и трае долго, додека кај други проаѓа незабележано.
Привлекување внимание
Родителите, во суштина, прават многу голема паника околу продолжувањето на употребата на цуцла, многу поголема од што овој феномен претставува вистински проблем. Не постои седумгодишно дете кое се успива со цуцла, како што ретко може да се види петгодишно дете кое пие млеко од шише. Доколку оваа детска потреба се прекиа на груб начин (нагло фрлање на шишето или пак цуцлите, мачкањето на цуцлите со лута пиперка и слично), бидејќи потребата ќе им биде незадоволена, може негативно да влијае во некој друг сегмент од развојот.
Не е добро ни кога родителите постојано ги караат децата и на тој начин пробуваат да се одвикнат. На тој начин уште повеќе ја зацврстуваат оваа навика, бидејќи детето станува свесно дека со цуцлата привлекуваат внимание.
Вербални пофалби
Нема дете кое не се одвикнало од цуцла или шише! Родители треба да бидат трпелливи и да почекаат оваа фаза да помине. Ќе видите како ќе ве изненади наглата одлука на малечкото да престане да го употребува својот верен пријател во ноќта. Кога оралната фаза во природниот развој на бебето ќе биде помината, ќе помине и потребата за цуцла.
Родителите треба да ја користата секоја прилика на малечките, без никакви негативни коментари кои се однесуваат на шишето, почесто д нудат чаша за пиење. Оваа работа треба да биде пропратена и со вербано фалење. Некогаш за децата е пресудно ако нивната играчка или пак омилениот цртан јунак прави работа кои е побарана од нив.
Постепено одвикнување
Било какво одвикнување, како што знаете од сопственото искуство, мора да биде постепено, без нагли потези. Затоа бидете трпелливи бидејќи и на фазата на цуцла еден ден ќе дојде крајот.
Објекти за емоција
Често се слушаат различни размислувања кои поврзаноста на детето за цуцла се смета за родителски недостаток на љубов и желба за поголемо внимание и нежност. Се смета дека цуцлите и шишињата се објекти во кои малечките вложуваат емоции кои се наменети за родителите.
Меѓутоа, бројни примери покажуваат дека ваквото размислување не е оправдано, туку дека оваа детска потреба често е знак дека оралната фаза споро се созрева.