ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како да ги препознаете малите генијалци
    Како да ги препознаете малите генијалци

    Како да ги препознаете малите генијалци

    Постојат многу начини за да дознаете дали вашето дете е надпросечно-интелигентно. Еве неколку примери што ќе ве убедат за ова.

    Малите обично учат да читаат во шестата година, додека надарените деца почнуваат да се интересираат за книги многу порано. Затоа, почнуваат да читаат сами на околу четири година возраст.

    Неверојатната мемориска моќ исто така е показател дека детето има висок степен на интелигенција. Да речеме, кога им кажува на своите родители за настанот што се случил пред неколку недели или месеци.

    За супер-интелигенција потребна е и љубопитноста. Кога детето поставува многу прашања и подпрашања, го поддржува и активно го анализира светот околу него, тоа значи дека тоа одскокнува од своите врсници. Дете кое сака да зборува многу,  со возрасни, е исклучително зрело и паметно. Таквите мали почнуваат многу рано  да изразуваат мисли и чувства преку комплексни реченици.

    Одлика на високо ниво на интелигенција е и хуморот, па немојте да се изненадите ако детето постојано се обидува да ве натера да се насмевнете, кажувајки различни шеги.

    Малечките  кои имаат тенденција кон музика, пеење или некој посебен инструмент генерално се поинтелигентни од нивните врсници. Исто така, мали генијалци поставуваат високи стандарди во сè што прават. Ако сакаат нешто да научат, нема да се откажат додека тоа не го совладаат совршено.