ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како да ги внесете јајцата во исхраната на бебињата?
    Како да ги внесете јајцата во исхраната на бебињата?

    Како да ги внесете јајцата во исхраната на бебињата?

    Како да ги внесете јајцата во исхраната на бебињата?

    Алергијата на јајца е најчеста кај деца под 12 месеци. Од таа причина, јајцата во бебешката исхрана треба да се внесат внимателно и на специфичен начин.
    Голем број на деца имаат тенденција да бидат алергични на белковини, традиционално докторите советуваат, родителите да не внесуваат белковини во исхрана на децата се до нивната прва година.
    Доколку постои историја во фамилијата со алергиски реакции на одредена храна, задолжително посоветивајте се со доктор дали воопшто да почнете со внес на белковини и по првата година на детето.
    Начин на воведување на јајцата во бебешката исхрана
    Бебето, старо 7 месеци, може да му се воведува јајца во исхраната. Јајцето мора да биде тврдо, многу варено, а потоа жолката да се одвои од белката. Жолчката можете да ја помешате во некоја кашичка и прво таа да се даде на детето а белката доаѓа потоа.

    jajca
    Количина која треба да се дава во процесот на воведување во исхрана кај детето:
    1. Недела – 1/8 жолчка (два пати во текот на неделата, со разлика од 3 дена)
    2. Недела – ¼ жолчка (два пати во текот на неделата, со разлика од 3 дена)
    3. Неделан- ½ жолчка (два пати во текот на неделата, со разлика од 3 дена)
    4. Недела – Цела жолчка (два пати во текот на неделата, со разлика од 3 дена)
    Откако ќе ја воведете жолчата и нема последици, продолжете со давање на јајца два пати неделно. Можете јајцата да ги замените со месо или пак можете месото да го давата за време на ручекот, а жолчките (јајца) два пати неделно за време на доручекот или вечерата.
    Јајцата – драгоцена намирница
    Јајцата содржат протеини, железо, фолна киселна, цинк, витамин Б12 – вредни хранливи состојки кои мораат да бидат вклучени во исхраната на секое дете. Доколку бебето е алергично на јајца, тогаш јајцете заменете го со:
    • Месо (сите видови на месо)
    • Риба
    • Мешунки
    • Сирење
    • Зеленчук (посебно зеленчук во зелена боја)
    • Житарки