• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Како да научиме детето правилно да го дува носот?
Како да научиме детето правилно да го дува носот?

Како да научиме детето правилно да го дува носот?

Кога ќе видиме дете што шмрцка, сите ќе бидеме посреќни ако само го издува носот, само или со наша помош. Покрај естетскиот доем, вештините за дување на носот ќе помогнат вашето бебе да дише полесно, особено додека јаде или спие, и го намалува ризикот од синузитис, па дури и воспаление на увото.Но со оваа вештина децата не се раѓаат, туку мора да ја совладаат.

 Со две до три години, повеќето деца би можеле да научат да го дуваат носот, но прашањето е колку вашето дете е заинтересирано и подготвено за таа лекција. Некои деца ја совладуваат оваа вештина ни кога ќе тргнат на училиште, па дури и подолго, иако градинката и јаслите се погодни за учење, бидејќи децата тогаш сакаат да ги имитираат возрасните.Ние ви предлагаме три совети со кои би можеле да научат да го дуваат носето.

 

1. Дување преку уста

 Ако вашето бебе сеуште не е во состојба да дува, дури и преку устата, најпрво научете го како да дува свеќички или меури од сапуница. Ова не треба да биде проблем бидејќи сите деца уживаат во овие активности. Можете исто така да се обидете оваа игра: ставете парче хартија или памукче на маса и замолете го детето да ги оддува од масата обиде. Кога  ќе го совлада дувањето преку уста, може да прејдете кон со дување низ носот. И таму може да се обидете со играта со памукот.

 

2. Вдишување, издишување

Вашето бебе прво треба да го научите да дише свесно низ  нос, и оваа акција ќе биде полесно да се направи ако му ја затворите едната ноздра. За да научат да свесно издишуваат , дополнителна помош може да биде огледало под носето,која ќе се замагли ако издишува или хартиена крпа која ќе се движи кога ќе дува низ носот. Важно е да го научите детето да дува нежно, бидејќи со силено дување на носот само ќе го исфрли ѓубрето во синусите.

3. Сопствени марамчиња

За да го мотивирате детето да го употребува носот,ќе му дадете пакетче марамчиња кои ќе бидат само негови. Можете исто така да купите шарени детски марамчиња со суперхеројски мотиви и други цртани ликови. Исто така научете го детето одкако ќе го употреби марамчињата да ги фрли во корпа и да ги измие рацете.