Како да го одбиете бебето
Одбивањето е процес со кој бебето трајно се префрла од доење на пиење од шише или од чаша. Не треба да го одбивате во првите 6 месеци, период кога лекарите сметаат дека доењето е клучно. Кога мајката или бебето ќе бидат подготвени за одбивање, треба да се следат следниве чекори.
1. Почнете да давате мајчино или адаптирано млеко во шише или во чашка во термините кога го храните како еден дополнителен извор на храна.
2. Ако бебето со тешкотии се навикнува на новиот извор на храна, обидете се да го доите на некоја друга локација, променете го осветлувањето или пуштете музика. Направете поинаква атмосфера за новиот вид исхрана.
3. Постепено намалувајте го бројот на подои дневно. Исфрлајте еден подој на секои две недели и заменувајте го со оброк од шише или со цврста храна. Проверете со педијатарот дали бебето добива соодветна исхрана.
4. Кога ќе стигнете до еден подој дневно, тоа нека биде пред спиење.
5. Намалете го последниот подој за неколку минути секоја вечер.
Експертски совет: Може да се случи бебето самото да одбие. Некои бебиња автоматски одредуваат кога е време за ова, главно по деветтиот месец. Ако вашето бебе покажува знаци на одбивање пред тоа, проверете да не се јавиле други проблеми. Можно е бебето да е вознемирено или да му е неудобно при доењето, а не дека сака да одбие. Посоветувајте се со лекар и елиминирајте потенцијални здравствени проблеми. Кај повеќето бебиња ќе се јави одбивање по шестиот месец, но честопати ова е само привремено – бебето ќе сака да продолжи со доењето по неколку денови.