Како да го ограничите времето пред екраните на вашите деца?
Како да го ограничите времето пред екраните на вашите деца?
Сите родители имаат свое искуство и примери за тоа колку е важно децата прво да ги завршат своите обврски а потоа да се нурнат пред екраните.
Доколку го започнете денот со далечинскиот управувач во рака, голема е веројатноста вашите деца да го прават истото, бидејќи тие учат од вас. Веќе вака створените навики ќе биде многу тешко да ги искорените а децата ќе бидат се повеќе и повеќе желни за истото.
Наместо да се “расправате” со вашите деца, пробајте да ги научите дека треба да постават приоритети и според тоа да ги завршуваат своите обврски.
Во прородлжение ви споделуваме краток список за деца од 10-13 годишна возраст за обврски кои треба да ги научите и да им ги наметнете како пракса во секојдневието.
Пред да им биде дозволено да седнат пред екраните или пак мобилните телефони, таблетите и слично, треба да го направат следното:
• 25 минути читање на било каков текст, книга, весник но не и стрип.
• Да биде целосно напишана и завршена домашната задача.
• Во календар да се забележат сите рокови за контролни задачи кои ги знаете однапред и да се испланираат термини за учење
• 45 минути посветување на креативна и корисна работа (може и преку некоја игра)
• Својот кревет и собата да биде средена
• Да направат барем една работа или обврска за домот.
Објаснете им на децата дека ќе можат да седат пред Тв екраните, таблетот или телефонот колку ќе сакаат но претходно ќе треба да ги обават работите кои се наведени во списокот.
Родители, не заборавајте дека доколку ги поставите правилата не смеете да потклекнете или пак да попуштите, да дозволите преговарања или пак жалби. Резултатите ќе бидат очигледни.