• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Како да го раните бебето од шише
Како да го раните бебето од шише

Како да го раните бебето од шише

Исхраната од шише може да се одвива на секое место и во секое време. Мајката може удобно да седи, па дури и да стои. Секогаш држете го бебето исправено; ако е легнато, се зголемува ризикот од давење или од инфекција на увото.

1. Пред да почнете со ранењето, држете ја цуцлата од шишето под топла вода за да се постигне телесна температура.

2. Држете го бебето во поза “нишалка “. Држете ја главата малку издигната над телото.

3. Активирајте го рефлексот на барање со устата. Погалете го по образот со прст, бебето ќе се сврти во насока на стимулансот со отворена уста, подготвено за дотур на храна.

4. Ставете ја цуцлата во устата на бебето. Насочете ја така што ќе го допре горното непце. Усните на бебето треба да бидат испапчени, а не превиени навнатре.

Експертски совет – Со цуцлата маневрирајте околу усните. Прво нежно турнете ја горната усна нагоре при ставање на цуцлата. Потоа долната усна притиснете ја надолу и нанадвор и поставете ја цуцлата во устата.

5. Држете го шишето исправено. Млекото треба сосем да го исполнува широкиот дел  на шишето. Никако не потпирајте го шишето на нешто за бебето само да се храни. Ова може да доведе до повреда или дефект.

6. Тргнете го шишето по 5 до 10 минути или штом ќе се испразни. Теба да сте дале 60 до 90 мл..

7. Тапкајте го бебето за да подригне.

8. Продолжете со хранењето додека бебето не испие вкупно 100 мл или додека не почне да изгледа заситено.

Внимавајте- не дозволувајте воздух да навлезе во широкиот дел од цуцлата. Тоа ќе предизвика гасови и тегоби.