ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како да го заштитите детето од грип?
    Како да го заштитите детето од грип?

    Како да го заштитите детето од грип?

    Прочитајте ги советите како да ги заштитите децата од грип: превенција и лечење.

    Лабараториските потврди на вирусот се типични за ова време од годината.

    Грипот е сезонски вирус, а неговите симптоми се многу посериозни отколку кога во прашање е обичната настинка.

    Како се шири вирусот на грип?

    Еден од начините преку кои детето може да се зарази со грип е преку контактот со луѓе кои имаат грип.

    Грипот се пренесува:

    -преку ситните капки кои ги исфрла човекот при кашлање или кивање;

    -преку директен контакт;

    -преку употреба на предмети кои се заразени.

    Превенција од грип

    Најдобрата превенција од грип е вакцинацијата. После тоа следат неколку мерки на претпазливост како што се: избегнување на близок контакт со заболени луѓе, хигиена на дишните патишта, проветрување на просториите, како и избегнување на престој во затворени простории каде што има голема бројка на луѓе.

    Против грип – никако антибиотици!

    Антибиотиците не се делотворни во лечењето на грипот. Се препорачува, ако личноста има благ облик на болеста да мирува, да зема голема количина на течности, употреба на лекови за намалување на температурата, а употребата на антивирусни лекови се спроведува само по препорака од лекар.

    Советот до родителите е доколку детето има нагло зголемена температура да побараат помош од педијатар.